• Должина во правец: 6 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 1.000 м
  • Почетна точка:

    с. Блатец

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Чупино (на топографски карти: Чупино Брдо) — врв на планината Плачковица со висина од 1.725 м. Врвот се издига во источниот дел од планината, каде што се и врвовите Лисец (1.754 м), Бел Камен (1.707 м) и Кара Тепе (1.625 м).

Во непосредната околина југозападно од врвот, на надморска висина од околу 1.400 метри, се наоѓаат изворите на Виничка Река. Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896, за врвот Чупино запишал дека е главен врв на Плачковица, којшто се издигнува на југ од селото Блатец и Виница во највисокиот дел на веригата, имено таму, каде што таа го носи името Плачковица. Над тука широкиот гребен на веригата се издигнува како гол карпест и не особено висок сврдел, којшто се гледа од цело Кочанско.

Месното население и постарата литература врвот го нарекува само Чупино, додека во поновите воени и катастарски топографски карти врвот се сретнува под името Чупино Брдо, слично на истоимениот врв и огранка на планината Билино во североисточна Македонија.

Според предание на мештаните од Блатец и потплачковичките села и Виница, името на врвот Чупино настанало по една случка кога локалниот бег сакал да граби и да ја земе во сарајот некоја многу убава девојка – „чупа“ од Блатец, кое во тоа време било претежно населено со турско население. Убавата чупа не сакајќи да биде грабната и однесена во сарајот, побегнала во шумите на планината Плачковица каде повеќе денови се криела од турската потера. Криејќи се повеќе денови таа низ шумите достигнала до самиот врв на карпестиот предел, каде починала (од глад или премореност) поради што месното население во нејзина чест врвот и целиот предел наоколу го нарекол Чупино.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)