• Должина во правец: 11 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.000 м
  • Почетна точка:

    с. Петрово

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Петрово – село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија, од десната страна на реката Вардар, чијшто голем атар нашироко се допира со подрачјето на општините Демир Капија и Кавадарци. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 350 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 30 километри.

Селото се наоѓа на источните падини на планината Кожуф. Водата за пиење во селото се обезбедува од сопствени бунари. Во селото во периодот 1895–1896 бил основан комитет на ВМОРО.

Археолошки наоѓалишта:
Бања — средновековна црква;
Бели Мост — населба од железното време;
Болница — населба од доцноантичкото време;
Вишова Нива — градиште од доцноантичкото време;
Главата — населба од доцноантичкото време;
Лесков Дол — населба од доцноантичкото време;
Пресек — населба од доцноантичкото време;
Св. Атанасија — средновековна црква и некропола; и
Св. Марко — средновековно градиште.

Цркви:
Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква, дело на истакнатиот мајстор Андон Китанов;
Црква „Св. Атанасиј“ — помала селска црква, поранешна манастирска црква; и
Црква „Св. Илија“ — манастирска црква.

Манастири:
Петровски манастир — мал манастир над селото

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Петрово – ПД Висока Чука (8 км)
ПД Висока Чука – врв Висока Чука (3 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот