Копришница – село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено над соседното село Дрен. Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри. До селото се стигнува преку земјен пат во лоша состојба, кој започнува од селото Дрен.
Копришница се наоѓа на ниска тераса на огранката Колниш. Во минатото, селската чешма била под селото, а многу чешми имало и во самиот атар. Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Богданец, Селиште, Сливите, Јованова Лак, Бука, Џикова Лака, Плоскач и Кочиње. Селото има збиен тип со разредени дворови. Моментално, во напуштеното село може да се види само главната селска црква „Св. Ѓорѓи“, како и неколку преостанати куќи.
Археолошки наоѓалишта:
Рупова Нива — населба од доцноантичко време
Цркви:
Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква
Водопади:
Момински Водопад (Копришки) — водопади на Копришка Река над селото
Реки:
Копришка Река — мала река што тече низ селото
Момински Водопад (Копришки) се наоѓаат во раселеното село Копришница во Општина Демир Капија, јужниот дел на Република Македонија. Водопадите се формираат од реката Моминска. Неколку други водопади можат да се најдат во планините околу Демир Капија.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: