Зрновци – село во Општина Зрновци, во околината на градот Кочани. Претставува едно од најголемите села во Кочанската Котлина. Селото е административно седиште на истоимената општина. За самиот назив Зрновци, постои предание меѓу народот дека настанал од „зрно и овци“, што говори дека овој крај изобилувал со зрнени култури и со мошне развиено сточарство. Зрновци се наоѓа на надморска височина од 481 м и како дел на Кочанска Котлина е заштитено од силни северни ветрови со Осоговски Планини, а од силни воздушни продори од југ со планината Плачковица. Низ селото тече Зрновска Река.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: