Национален парк Галичица – национален парк во Македонија од 1958 година. Овој парк опфаќа делови од планинкиот масив Галичица, со крајбрежните простори на Охридското и Преспанското Езеро. Површината која тој ја зафаќа изнесува 22.750 ха. Планината Галичица се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија. Таа е всушност хорст кој се издига помеѓу Охридската и Преспанската Котлина. Ваквиот облик на планината Галичица и нејзината положба помеѓу двете најголеми езера во земјата претставува посебна вредност. Таа е маркантна во географската средина со својата импознантна големина. Највисокиот врв Магаро се наоѓа на надморска височина од 2.254 метри.
Извор: Wikipedia
Тура
ВИА ФЕРАТА во Македонија – да дечки, ги има неколку во Македонија и повеќето се користат како пристапни патеки до алпинистички насоки. Но најновата на Галичица е целосно независна и нуди можност да си ги пробате силите пред да размислувате за некој сериозен потфат надвор од државата.
И покрај тоа што е прилично кратка споредено со оние на Алпите и другите познати дестинации, нуди магични погледи на Охридско и околината.
До почетокот на Виа Ферата Доброја, може да пристигнете од две насоки:
- Од излетничкото место Корита од каде води патека во должина од приближно 2 км. (30 минути).
- Од последната кривина (180 степени) кон познатиот Видиковец на Галичица од каде води кратка но стрмна патека и истата претставува воедно и излез доколку се одлучите да ја прекинете фератата.
Доброја се состои од 3 главни секции каде првите две се релативно лесни, додека последната е малце потешка од останатите и најдолга. На последната секција, на одредени места наклонот на карпата се намалува и под 90 степени и на овие места физичката подготвеност особено во делот на градите и рацете е од особена важност. На крајот од сите три секции постојат излези доколку се одлучите да ја прекинете фератата.
Кога истражувавме за Доброја, главното прашање кое природно се наметна: Дали Виа Фератата е доволно долга за да понуди можност – искачување на врвот Лако Сигној. За жал не: на самиот крај од Доброја постои уште една карпеста формација која го попречува искачувањето на Лако Сигној. И момците од НП Галичица го потврдија истото уверувајќи не дека во некоја следна фаза фератата ќе биде дополнета со цел задоволството да биде целосно. Во секој случај честитки за сите инволвирани во овој проект и посебно за АК Патагонија.
И уште една информација за крај: влезот на Доброја чини 200 МКД – со алал си плативме. Е па дечки лесни нозе и пуштете некоја фотка! Доколку сте почетници и не знаете каква опрема ви треба – пишете ни на инста, со задоволство ќе ве посоветуваме.
Прочитајте повеќе на Виа Ферата: основни знаења и корисни совети.
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: