• Должина во правец: 12,5 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.475 м
  • Почетна точка:

    с. Стење

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Стење – село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено на брегот на Големото Преспанско Езеро.

Стење се наоѓа на самиот брег на заливот Лиса на Големото Преспанско Езеро, вгнездено во источното подножје на планината Галичица. Се наоѓа на надморска височина од 855 метри, од левата страна на патот Битола-Корча, во непосредна близина на самата граница со Албанија. Во близина на селото се наоѓа и истоимениот граничен премин.

Селото не се наоѓало секогаш на денешната местоположба. Се претпоставува дека претходно се наоѓало во месноста Св. Атанас (зад стените) на околу 1,5 километар јужно од денешната местоположба на селото. Не се знае годината кога се случила преселбата, додека како причина се наведува поплавувањето од надојдените води на езерото.

Во поново време, туризмот започнува да се развива со силно темпо. На некогашната плажа била извршена целосна обнова, со поставување на нов песок, монтажни објекти на самиот брег, како и во самото езеро, изградба на ново шеталиште, а биле засадени и нови палми. Покрај самата плажа се наоѓа и хотелот „Рива“, а во самото село постојат и други сместувачки капацитети, со што се поттикнува туризмот во селото, но и на брегот на Преспанското Езеро.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина: