• Должина во правец: 4,5 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 850 м
  • Почетна точка:

    с. Скребатно

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Скребатно – село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Претпоставка за името на селото е дека потекнува од „скреба“ или бела лоза, која обично расте до пет метри, но не се качува на дрвја, туку густо ги покрива околните грмушки. Старите велат дека од скреба се варело чај за смирување на организмот.

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, во источниот дел на Општина Охрид, чиј атар се издига до сртот на Петринска Планина и таму се допира со подрачјето на Општина Ресен. Селото е планинско, на надморска височина од 960 метри. Од градот Охрид селото е оддалечено 16 километри.

Селото е сместено во долината на Скребатинска Река, притока на Коселска Река, меѓу ридовите Самарница и Илинец. Тоа е особено планинско село, сместено на источниот крај на Охридската Котлина. Во непосредна близина нема ниедно друго село. Во минатото, мештаните со вода за пиење се снабдувале од чешми, снабдувани од извори. Денес, селото поседува водовод изградена во 1953 година со каптажа од месноста Бела Вода. Селото во основа има збиен тип. Селото се граничи со Опеница и Завој на север, со Петрино и Болно на исток, со Велгошти на југ и со Лескоец на запад. До селото води асфалтиран пат од селото Лескоец, кој бил пуштен во употреба во 2012 година.

Успение на Пресвета Богородица – главна манастирска црква на Скребатинскиот манастир во охридското село Скребатно. Црквата се наоѓа на влезот во познатиот Скребатински манастир, сместен високо над селото Скребатно.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина:

с. Скребатно – врв Бело Орле (4,5 км)
с. Скребатно – врв Вишесла (3 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот