• Должина во правец: 9 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 960 м
  • Почетна точка:

    Кратово

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Кратово – град во Североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Претставува еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот.

Постојат повеќе примери за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од Османлиите. Во времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“.

Подрачјето било населено уште во римско време. Градот бил познат како рударски град под името „Кратишкара“, кој ѝ припаѓал на римската провинција Дарданија. Во византиско време, Кратово е познато како „Коритос“ или „Коритон“, што ја објаснува и неговата местоположба, „корито во кое се наоѓа градот“. Како сведоштво за животот и значењето на Кратово во античкиот и средновековниот период како важно рударско средиште, се остатоците од рудниците и големиот број подземни тунели и премини кои ги поврзувале и од кои се ископувала и пренесувала рудата. Во времето на владеењето на Стефан Немања, во 1189 година, Кратово било присвоено кон Србија, под српска надвласт со градот властувал деспотот Јован Оливер. За постоењето на Кратово раскажувал Хомеровиот еп „Илијада“ во VI в.п.н.е. Како доказ служат и монетите од времето на Адолион Пајонски, крал кој владеел од 315 до 285 г.п.н.е. Во тоа време, градот тргувал со злато, сребро и бакар.

Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, помеѓу општините Крива Паланка, Пробиштип, Свети Николе, Куманово и Кочани, во западниот дел на планината Осогово, во кратер на изгаснат вулкан. Низ него тече Кратовска Река и три помали реки.

Археолошки наоѓалишта:
Дупка – Талашманци — некропола од доцнохеленистичкото и римското време;
Железница – Равниште — некропола од римското време;
Кратово – населба од доцнохеленистичкото и римското време;
Кратово – средновековна некропола.

Културни настани:
Лесновски ѕвона – традиционална поетска средба;
Златни денови – културна манифестација;
Компиријада – културна манифестација и прослава на ден на компирот;

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)