• Должина во правец: 11 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.330 м
  • Почетна точка:

    с. Градец

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Градец – село во Општина Виница, кое се наоѓа во самото подножје на планината Плачковица, во околината на градот Виница.

Селото се наоѓа на 4 километри јужно од градот Виница, на падините на планината Плачковица, на надморска висина од 510 метри. Атарот се издига до сртот на Плачковица, каде што се граничи со териториите на општините Карбинци и Радовиш. Со оглед на тоа дека селото се наоѓа на оддалеченост од неколку километри од Виница, Градец припаѓа на руралната зона на ова централно место. Низ селото тече Градечка Река, којашто е значајна за наводнувањето на Виничко Поле, а претставува и извор за производство на електрична енергија.

Цркви:
Црква „Св. Илија“ – главната селска црква.

Археолошки наоѓалишта:
Бедеш – средновековна населба;
Виничка Река – доцноантичка населба;
Градец – средновековно стовариште на монети;
Градиште – доцноантичка населба;
Клисе Баир – римска некропола и могили.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)