• Должина во правец: 45 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: / часа
  • Висинска разлика: 800 м
  • Почетна точка:

    Скопје – Универзална Сала

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Градиштанска Планина (Градманска Планина, Ѓуришка Планина или Ѓуриште) — ниска и доста расчленета планина што се протега во правец ЈЗ-СИ, помеѓу долниот тек на Пчиња на запад и Овче Поле на исток, во должина од околу 30 км.

Највисок врв е Градиште или Ѓуриште (861 м), потоа Венец (853 м), кој се наоѓа во средишниот дел, Голиќ (790 м) во северниот дел и Црн Врв во јужниот дел на планината. Поради големата дисецираност, не постои јасно изразено планинско било, па затоа нејзините ограноци Венец, Градиште, Голиќ и други се сметаат за посебни планини.

Хидрографски, Градиштанска Планина се одликува со голем број на доста силни и издашни водени извори и кратки планински потоци и брзаци. Целата речна и водна мрежа на Градиштанската Планина припаѓа на егејскиот морски слив, односно на сливот на реките Вардар и Пчиња, а на оваа планина се наоѓа и изворишното подрачје на реката Отовица на која е изградено вештачкото велешко езеро „Младост“. Во западниот дел на подножјето на планината во Катланово крај Пчиња избиваат термални извори на лековита минерална вода, на кои е изградена познатата Катлановска Бања.

Тура:

Ајде малце да се издуваме: roadbike лесни точачиња, 50-тина километри тура во правец, и изборот падна. Скопје – Велешко Езеро – Велес. Кога истражувавме за турава, повеќето бајкери на нет ја карактеризираат како Roadbike тура (без големи успони, идеален асфалт, тури кои најчесто се возат над 20 км/час).

Но не е баш така. Поаѓаме од Аеродром, Долно Лисиче, Јурумлери и пристигнуваме во Катланово. Идеално изминати 25 км – летаме по асфалтот. Но од Катланово започнува успон, иако незначителен и совладлив со Roadbike. Ја качуваме Градиштанска планина, и ги одминуваме селата Брезница, Летевци, Ветерско. Највисоката точка ја достигнуваме кај крстосницата за село Летевци по изминати 35 км. Од тука започнува авантурата: патот е до таа мерка деградиран и на граница сме на можностите на нашите велосипеди: тенки гуми и без суспензија на offroad подлога е значителен предизвик. Возиме со значително намалена брзина бидејќи постои голема веројатност од пролизгување и повреда.

Конечно по изминати 43 км, пристигнуваме на 1,5 км од Велешко Езеро и на еден видиковец ја правиме финалната пауза пред враќање.

Наша препорака:

– Доколку сте љубители на Roadbike и брза вожња, оваа тура би требало да заврши кај село Летевци (35 км во правец).
– Доколку сте љубители на MTB, турата најдобро е да ја започнете од Катланово (Катланово – Велешко Езеро 20 км во правец).
– Понесете вода мин. 2 л. по човек (не постои можност за дополнување на вашите резерви до Велешко Езеро).

Ѓуриште 861
Венец 853
Голиќ 790
Црн Врв 883