• Должина во правец: 8 км
  • Тежина: 5/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 1.020 м
  • Почетна точка:

    с. Раштак, пред кооперација

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Раштак – село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.

Селото наоѓа на 11 километри североисточно од Скопје. Тоа е составен дел на Скопска Црна Гора. Сместено е во подножјето на Раштавска Планина, меѓу селата Љуботен од северозападна и Булачани од источна страна, по течението на Раштевска Река при нејзиниот излез од планинскиот дел.

Селото со другите села и со градот Скопје било постојано поврзано со два главни патни правци. Едниот ги поврзува преку Раштак селата Љуботен и Булачани. Според една легенда, овој пат минувал под селото. Се сметал за главен пат кој ги поврзувал Качаничка Клисура кон исток за Грција и Цариград и дека минувачите навраќале во селото и преку тоа селото имало контакти со надворешниот свет.

Другиот патен правец е оној за Скопје. Тој постоел од настанувањето на селото. Сите патни правци се користат и ден денес, некои повеќе некои помалку. Блискоста на Раштак до метрополата која од него се гледа како на дланка, го прави ова село привлечно за посета.

Името го добило по растението кое виреело на тој предел — дабот или „храст“. Тој простор уште при доаѓањето на првите доселеници бил нараснат со густа дабова шума. Во првите пишани турски документи кои се однесуваат на историјата на македонскиот народ се води под неколку имиња: Храшко, Храшкова, Храштак, Храшок, Хрсник и Расник.

Подрачјето на селото во должина изнесува 9 километри и 600 метри, а во ширина 2 километри. Располага со 1.219 хектари површина од кои 831 се обработливи, а 377 се под шуми и пасишта. Според својата природна поставеност и изледподрачјето на селото Раштак се дели на два дела – на рамничарски и планински.

Извор: Wikipedia

Тура

Патеката започнува веднаш пред селската кооперација во село Раштак. Пристигнувањето е по афалтиран и прилично добар пат.  Постојат неколку паркинг места веднаш до кооперцијата. Патеката е делумно обележана со планинарски маркации. Започнува на 50 метри од кооперацијата по земјен пат – внимателно следете ги упатствата од вашиот GPS уред.

Откако ќе ги одминете викендиците патеката навлага во нискостеблеста шума испрекината со ливади. Веднаш потоа се движите низ високостеблеста прекрасна шума и патеката се вкрстува со земјен пат кој ве води веднаш под врвот Сински Камен.

Оваа патека е прилично лесна без големи успони и затоа е погодна и за деца, но морате да планирате доволно време бидејќи е долга со цел да избегнете ноќно движење на планина.

Врвовите Свински Камен, Бел Камен и Бајрак се достапни и преку село Љубанци (подолу линк од GPS патеката)

  • с. Матејче – врв Свински Камен – врв Бел Камен – с. Раштак – 22 км
  • с. Љубанци – врв Бајрак – врв Свински Камен – врв Бел Камен – 9 км

Линк од GPS