Стрижак (на топографски карти и Стрижек) – планински врв на Јабланица, во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.233 метри, со што тој е вториот највисок врв на планината Јабланица. Се наоѓа во средишниот дел на планината Јабланица, односно во крајниот северниот дел на нејзиното главно било, во непосредната близина на врвот Пупуљак и двете езера Горно и Долно Лабунишко Езеро и непосредно во линија западно над Лабуништа и југозападно од селото Јабланица од каде поради длабоката клисура што ја формира Јабланичка Река во неговото подножје само го засилува таквиот доминантен изглед на Стрижак. Препознатлив е по својот многу интересен и доминантен остар и издаден изглед во однос на длабокиот дол кон југ. Од главниот срт на протегање на планината Јабланица е одвоен кон исток и е поврзан со седлото (превојот) Невестин Гроб, а од блискиот врв Пупуљак е поставен на исток. На неговата западна и југозападна падина има карпест предел и сипар со ситни камења.
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Лабуништа – Лабунишки Бачила – врв Стрижак – премин Невестин Гроб – (16 км)
- Оваа опција е вклучена во GPS линкот