• Должина во правец: 8 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 1.100 м
  • Почетна точка:

    с. Ново Село

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Бакардан – планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.704 метри, со што тој претставува втор највисок врв на планината.

Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина на огранката која што се одделува од главниот шапланински срт на протегања и кој започнува од врвот Мал Турчин и од Титов Врв се надоврзува на Бакардан, продолжувајќи до Син Врв и Церипашина до над Попова Шапка. Врвот се издигнува високо над стрмните долини на Горна Лешница на север и пространите долови и висорамнини Казани и Вакаф на исток и Карабунар на југ, додека на запад преку планинско седло високо 2499 и 2551 метар надморска височина е директно поврзан со највисокиот шарски врв Титов Врв. Шар Планина има 3 врва над 2700 м, и тоа највисокиот – Титов Врв, со 2748 м, потоа Бакрдан со 2704 м и Мал Турчин, со 2702 м, при што трите врва се поставени во вид на триаголник, меѓусебно раздалечени само 1-1,5 км.

Со својата височина и средишна поставеност, од врвот Бакардан се пружа извонредна глетка на целото протегање на Шар Планина со сите нејзини врвови од Љуботен и Пирибег најнасевер, масивот со врвовите Кобилица, Шилиџе, Вртоп, пределот на Караникола, масивот на највисоките врвови – т.н. „шарска круна“ со Титов Врв и Мал Турчин на запад, Попова Шапка и целата котлина Полог на исток и високите врвови Бориславец, Рудока, Голема и Мала Враца на југ. На вердо и убаво време, најдалечната глетка од врвот Бакардан ги опфаќа и Кораб со Дешат на југозапад, Пелистер и Ниџе на југ, Мокра и Солунска Глава на исток, Жеден на североисток и Пирин во најкрајната далечина на исток.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

врв Бакардан + 1 км (во правец)
врв Мал Турчин + 1 км (во правец)