• Должина во правец: 4,5 км
  • Тежина: 5/10
  • Време на искачување: 2 часа
  • Искачување со деца: 2,5 часа
  • Висинска разлика: 700 м
  • Почетна точка:

    село Горна Белица

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Горна Белица – село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга. Првото име на Горна Белица било Бела, добиено од белината на реката Беличка Река, што се пени на стрмниот тек. Со време се појавиле две населби, поради што селата ги добиле имињата Горна и Долна Белица.

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во западниот дел на територијата на Општина Струга, чиј атар се издига на источната падина на планината Јабланица и се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е планинско и мошне високо, на надморска височина од 1.420 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 14 километри.

До него се стигнува на два начини:

  • Преку магистралниот пат од Струга што води кон граничниот премин Ќафасан.
  • Преку Вевчани (за нас далеку подобра опција бидејќи патот од Вевчани е прилично подобар за патнички возила, а природата неверојатна.

Селото повеќе служи како викенд-населба отколку како постојано живеалиште. Со пописот од 2002 година регистриран е единствено 1 жител во селото.

Вевчанско езеро, кое од населението се нарекува Локва се наоѓа на запад од селото Вевчани, на источната планинска страна на Јабланица во изворишниот дел на Вевчанска Река и во непосредна близина на македонско-албанската граница. Сместено е во цирк, односно долот и пределот наречена Голина кој се наоѓа веднаш во источен правец во подножјето под највисокиот јабланички врв Црн Камен висок 2558 метри. Езерото се наоѓа на апсолутна надморска височина од 1993 метри, при максимално ниво на езерската вода. До езерото може да се пристапи по добро обележана планинарска патека од селото Горна Белица преку врвот Црн Камен или директно кон месноста Криви Вирови, до каде има и пробиен макадамски шумски-пат за лесни теренски возила од кој по 30-40 минути пешки се стигнува до езерото.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Горна Белица – врв Крстец – Вевчанска Локва (6 км)
Вевчанска Локва – с. Горна Белица (6 км)

  • двете опции се вклучени во GPS линкот