• Должина во правец: 5 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 2 часа
  • Искачување со деца: 2,5 часа
  • Висинска разлика: 600 м
  • Почетна точка:

    с. Лакаица

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Слепчарен – планински врв и седло (превој) на планината Јабланица, во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.018 метри. Се наоѓа во крајниот северен дел на планината Јабланица по протегањето на нејзиниот срт на одделениот планински гребен Радуч, каде што претставува негова најјужна точка на билото на овој гребен. Со името Слепчарен поточно се именува стрмната источна падина на самиот врв со многу густа букова шума која се издигнува длабоката долина на Лакаица и седлото (превојот) кое се спушта од неа и овој врв и ги поврзува врвот Радуч на запад со врвот Стрмница (Луковски Камен) на исток. Самиот врв е доста стрмен и од неговата северна страна има сипар (камењар), а кон северозапад преку седло високо 2.013 метри е поврзано со највисокиот врв на гребенот Радуч. Самиот врв Слепчарен се наоѓа целосно внатре на територијата на Македонија, на оддалеченост на нешто повеќе од 500 метри од граничната линија која се простира на врвот Радуч и продолжува кон југозапад преку гребенот Острилци и врвот Чукнитапан.

Лакаица – село во Општина Струга, во областа Дримкол, во околината на градот Струга.

До 2004 година, селото било дел од поранешната Општина Луково, која била споена со Општина Струга. До 1913 година, земјата на денешното село Лакаица била дел од селото Стеблево, која главно се користела како пасиште. Во 1913 година, Стеблево попаднало во границите на Албанија и неговата земја била поделена помеѓу Албанија и Србија. Стеблевчани го основале селото Лакаица на српска територија, која зафаќа една четвртина од земјата на Стеблево.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

село Модрич – врв Радуч – GPS линк