• Должина во правец: 10 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 1.100 м
  • Почетна точка:

    с. Модрич

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Модрич – село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северозападниот дел на територијата на Општина Струга, чиј атар се издига до сртот на планината Јабланица, каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 880 до 1.000 метри. Од градот Струга е оддалечено 25 километри.

Селото се наоѓа на падините на планината Јабланица, по течението на реката Црн Дрим, во областа наречена Долни или Дебарски Дримкол.

Селото е од разбиен тип и во моментов брои околу 50-тина куќи и останати малкумина постојани жители, претежно стари лица.

Модрич е познат по својата уникатна местоположба и чистиот воздух, изворите со вода за кои е и снимен игран филм на таа тема „Време Води“ од Бранко Гапо, гостопримливота и отвореноста на луѓето кои живеат или потекнуваат од таму. Претставува одлично место за одмор, спортски риболов (Дебарско Езеро – 10км и Глобочица – 10км), лов на дивеч.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Модрич – врв Слепчарен (7,5 км)
врв Слепчарен – врв Стрмница (1,5 км)
с. Модрич – врв Слепчарен (7 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот