• Должина во правец: 5 км
  • Тежина: 4/10
  • Време на пловидба: 2,5 часа
  • Почетна точка:

    Камп Градиште

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Трпејца – село во Општина Охрид, на брегот на Охридското Езеро.

Под името „Трпезица“ селото се споменува во пишани историски документи од 1582 година, а самите жители сметаат дека името потекнува од зборот трпеза поради трпезите коишто се поставувале за време на прославите крај некогашната тврдина.

Научните истражувања потврдуваат дека името потекнува од зборот „тр(а)пеза“, кое треба да се сфати метафорично во смисла „место рамно како трпеза“, бидејќи самото село се наоѓа во зарамнет дел на полуостровче кое личи на трпеза. Некои од селаните денес името на селото го поврзуваат и со личното име Трпе/Трпејца од Трпевица.

Ова село се наоѓа во Охридско, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Охрид, недалеку од брегот на Охридското Езеро, и низ него поминува патот Охрид-Свети Наум. Селото е ридско, на надморска височина од 710 метри. Од градот Охрид е оддалечено 25 километри. Поради својата привлечност за туристите и природните убавини на околината во јавноста е познато и под името Македонското Сен Тропе. Селото се наоѓа во подножјето на планината Галичица, во една природна вдлабнатина меѓу карпите на источниот брег на Охридското Езеро. Соседни села се Љубаништа на југ и Пештани на север.

Трпејца е многу старо село со богата историја, за што сведочат остатоците од минатото. За првпат е населено во неолитско време, што се гледа од остатоците на наоѓалиштето Црна Пеш (Крстон Заб) крај езерото. Меѓу народот се верува дека името на селото потекнува од зборот „трпеза“, кои во време на верските празнувања биле поставувани крај некогашната тврдина, која се наоѓала на возвишението Осој (1.006 м.) јужно од селото, чиј дел со остатоци од ѕидини го носи името Градиште. Селото се споменува во 1582 година под името „Трпезица“ кога имало 50 христијански (македонски) куќи. Во овој период домаќинствата биле дервенџиски, а ова занимање (грижа околу безбедноста на патиштата) било задржано и во XVII век, кога крај селото минувал патот Охрид-Корча. Во XIX век, Трпејца било село во Охридската каза на Отоманското Царство. Кон крајот на турското ропство жителите во селскиот атар ја обработувале земјата на манастирот „Св. Наум“, која била добиена во замена за манастирското земјиште во селото Полјани кај Корча, кое по договор му било отстапено на некој бег од Колоња во Албанија. За време на Првата светска војна, Трпејца се наоѓа на линијата каде се воделе тригодишни борби, па за тој период населението било евакуирано во Охрид и околните села.

Археолошки наоѓалишта:
Глајшо – Селиште — средновековна населба
Градиште – Осој — средновековна тврдина
Заум — осамени наоди од старохристијанско време и средновековна населба
Кале — населба од доцноантичкото време
Црна Пеш – Крстон Заб — населба од неолитско време

Цркви:
Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, каде се наоѓаат и селските гробишта;
Црква „Св. Богородица Заумска“ — средновековна манастирска црква; и
Црква „Вознесение Христово“ — нова црква во Трпејчкото Поле, во подножјето на Галичица.

Манастири:
Заумски манастир — средновековен манастир, сместен во атарот на селото

Пештери:
Наумова Пештера — пештера во близина на селото; и
Црна Пештера — пештера во близина на селото.

Природни реткости:
Сошков различник — ендемит во флората; и
Маерово мачкино нане — локален ендемит од семејството на устоцветни растенија.

Извор: Wikipedia

Тура

Турата

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина: