Вишешница – дел од еден поголем планински масив кој се наоѓа веднаш над Тиквешкото Езеро, а името го добил по карпата со исто име која се издига над Полошкиот Манастир.

Зафаќа површина од околу 235км2, од кои 150км2 се во границите на Општина Кавадарци, а остатокот во Општина Прилеп. Главниот правец на протегање е север-југ. Планината е ограничена со Црна Река и Тиквешкото Езеро на југ, на исток продолжува езерото, па после ХЕЦ Тиквеш сè до спојот на Црна Река и Раечка Река. Северната граница на Вишешница е низводно по Раечка Река и Дреновската Клисура, додека на запад граничи со Царевиќка Река и Тројачко Поле. Превојот Клен 934 м.н.в. е најниска точка помеѓу Вишешница и Дрен.

Највисок врв е Чаве со висина од 1557 метри, кој се наоѓа на главниот гребен кој се протега во правец југ-север, почнува на превојот Клен 934 м.н.в., па оди до врвот Попче 1081 м.н.в., продолжува до Богданов Гроб 1041 м.н.в., по ридот на Смилова Тумба се движи по сртот Србиново и доаѓа до врвот Студено 1326 м.н.в., продолжува до тригонометар 1362, па кота 1442, и се искачува на врвот Чаве, потоа почнува да се спушта сè до Бабакитина чешма, продолжува кон Кобиларник 1409 м.н.в. се спушта кон Крива Тумба 1141 м.н.в. од таму оди кон Камен 915 м.н.в. и се спушта во Раечка Река. Треба да се забележи дека од врвот Чаве лево и десно се формираат помали гребени вкупно 4 на број.

Втор изразит гребен е гребенот на карпата Вишешница 1342 м.н.в. кој почнува од Црна Река, се качува на ритчето Коприва 616 м.н.в., па литиците со име Бршлен 1120 м.н.в., после Вишешница следува Голема Рудина 1403 м.н.в., Мала Рудина, Погана 1353 м.н.в. и се качува на врвот Орлите 1480 м.н.в., спроти него на исток е врвот Галчин 1472 м.н.в. Овие два врва се често одредиште на ентузијастите, дали за планинари дали за поекстремни искуства, бидејќи и двата врва се стрмни, посебно Орле кој е тесен и не многу пристапен.

Над брегот на езерото, на падините на планината се наоѓа и познатата пештера Чулејца

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Чаве 1557
Орлите 1480
Галчин 1472
Голема Рудина 1428
Кобиларник 1410
Градот 1343
Вишешница 1342
Студено 1327
Човекот 1299
Трепетија Глава 1211
Кула 1167
Смилова Тумба 1140
Руен 1051
Мали Руен 1045
Трештено 1028

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки