Таорска Клисура – клисура во северно-средишниот дел на Македонија која се протега помеѓу селата Таор, Скопско и Башино Село, Велешко во должина од 31 км, во долината на реката Вардар. Всечена е помеѓу источните падини на планината Голешница од западната и Градиштанска Планина од источната страна. Клисурата се наоѓа на тектонски чувствително место и е со високи и стрмни долински страни, кои на некои места, како кај с. Новачани, достигаат до 535 м и се со различен геолошки состав. Во клисурата реката Вардар изградила неколку ерозивни проширувања, меѓу кои најпознато е она што се наоѓа меѓу селата Зелениково и Пакошево.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: