• Должина во правец: 10 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 1.000 м
  • Почетна точка:

    с. Виниче

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Виниче – село во Скопско, во состав на Општина Гази Баба. Селото се наоѓа во областа Црногорија, североисточно од Скопје, во подножјето на Скопска Црна Гора, на еден километар источно од с. Црешево. Најраните наоди кои сведочат за населеноста на Виниче датираат од доцната антика и се претставени со два археолошки наоѓалишта: тврдината Градиште и гробницата кај месноста Огради. Во XIX век селото ѝ припаѓало на Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Виниче живеат 65 Македонци-христијани. Виниче е македонско село, населено во целост со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед.

Археолошки наоѓалишта:
Градиште – кастел од доцноантичкото време;
Калуѓеров Камен;
Огради – некропола од доцноантичкото време.

Цркви:
Црква „Св. Илија“ — главна селска и манастирска црква;

Свети Илија – македонски православен манастирски црковен храм во скопското село Виниче. Црквата е единствена во Виничкиот манастир кој е познат по оревот од кој извира света вода. Храмот бил изграден околу 1900 година на една доминантна височинка во Долна Маала.Претходно на тоа место бил поставен стар исклесан крст од камен, како симбол на христијанството и прославата на празникот Илинден, кој традиционално, секоја година се паѓа на 2 август. Тука се сместени и селските гробишта, кои порано се наоѓале во селото Црешево. Црквата е целосно обновена 2003 година од страна на месното население.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Виниче – врв Човек (7 км)
врв Човек – врв Муратица (3 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот