Пешти – клисура на реката Бабуна на јужниот излез од Велес, на 5 километри оддалеченост од устието на реката Бабуна во Вардар. Долга е 430 м. Името го добила по големиот број на пештери во кои се откриени фосилни остатоци од цицачи стари од 70.000 до 10.000 години пред нашата ера. Пронајдените артефакти од камен упатуваат на доцен палеолит. На високите карпи сè уште живее белоглавиот орел кој речиси е исчезнат од овие простори. Клисурата Пешти е прогласена за карактеристичен природен пејзаж со големи потенцијали за развој на рекреативниот туризам.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
Клисура Пешти – с. Превалец (6,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот