Габрово или Турско Габрово – село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Делчево, меѓу планините Влаина и Осогово, а неговиот атар делумно е ограничен со државната граница со Бугарија. Селото е од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 660-765 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 26,7 км2. Од Делчево е оддалечено 6 км.
Археолошки наоѓалишта:
Градиште — градиште од доцноантичко време
Скокото — населба од неолитско време
Црквиште — средновековна црква
Цркви:
Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: