• Должина во правец: 7 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 600 м
  • Почетна точка:

    с. Двориште

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Двориште – село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово. Населбата се наоѓа на крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Берово, во јужната падина на Малешевските Планини, чиј атар се допира, на една страна, со државната граница со Бугарија, а на друга страна, со територијата на општината Ново Село. Селото е планинско, на надморска височина од 940 метри. Од градот Берово е оддалечено 21 километар.

Археолошки наоѓалишта:
Бабини Колиби (Чаплаковски Колиби) — населба од доцноантичкото време и старохристијанска црква;
Градиште I — градиште од доцноантичкото време;
Градиште II — градиште од доцноантичкото време;
Рабуш — населба од доцноантичкото време; и
Црква — старохристијанска црква.

Цркви:
Црква „Пресвета Богородица“ — главна селска црква.

Реки:
Дворишка Река (Циронска Река) — река која тече низ селото

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)