Бањане (се користи и Бањани) – село во Општина Чучер-Сандево, во областа Црногорија, во околината на градот Скопје. Селото е споменато под името Бањане во 1308 година. Се верува дека неговото име доаѓа од бања и наставката -ане, со значење „луѓе дојдени од Бања“. Во минатото селото било создадено околу изворот Бања, но поради бигорливата вода народот се разболел и го преместил селото на сегашното место.
Селото се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина, на територијата на Општина Чучер-Сандево, под југозападната падина на Скопска Црна Гора. Селото е ридско, на надморска височина од 500 метри. Од градот Скопје, селото е оддалечено 15 километри.
Бањане има одлична местоположба и атарот изобилува со шуми и пасишта во северниот дел, а во јужниот дел се наоѓа обработливо земјиште. Низ него поминува и Бањанска Река. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од бунари, пумпи и чешми. Селото има збиен тип, со што куќите една на друга се наслонуваат, а низ нив поминуваат мали сокаци. Во маалата куќите се групирани по родови. Бањане отсекогаш се сметало за едно од најважните села во областа на Скопска Црна Гора, веднаш зад поголемите Кучевиште и Љубанци.
Околни села се Горњане и Чучер од запад, Кучевиште од исток и Глуво/Бразда од југ.
Бањане се смета за стара населба во областа на Скопска Црна Гора. Првпат е споменато на почетокот на XIV век, кога кралот Милутин го споменил во една од своите грамоти во периодот 1302-1308. Селото било сопственост на познатиот средновековен манастир „Св. Никита“. Второто споменување на селото е од XV век, кога на 9 февруари 1445 година Иса-бег го предал на својата Алаџа-џамија во Скопје.
Преданието наведува дека селото првин се наоѓало илјада метри источно од денешната местоположба околу карстниот извор Бања или Дуло, односно под ридот Крепје. Таму се наоѓала голема населба од 500 словенски куќи. Самото име на селото потекнува од тој извор. Сепак, од таму селаните морале да избегаат поради некој зулум, најверојатно кон крајот на XVII век. На тоа селиште има одредени остатоци од старини, најмногу од куќи и гробови, а постои и црквиште „Св. Мина“.
Археолошки наоѓалишта:
Бања — водовод од римско време;
Дуло — вила рустика од доцноантичко време; и
Св. Ѓорѓи — осамен наод од римско време.
Цркви:
Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква;
Црква „Св. Илија“ — манастирска црква;
Црква „Св. Богородица“ — манастирска црква;
Црква „Св. Благовештение“ — средновековна црква, од 1514 година;
Црква „Вознесение Христово“ — средновековна црква која е од XV век; и
Црква „Св. Јован“ — стара црква во месноста Букоо-рамна.
Манастири:
Манастир „Св. Илија“ — манастир северно од селото покрај Бањанска Река; и
Манастир „Св. Богородица“ — манастир северно од Бањане, сместен над Горњане.
Спомен-плочи:
Спомен-плоча за загинатите борци од НОБ
Реки:
Бањанска Река — планинска река, тече низ селото
Св. Илија Горни – црква во скопското село Бањане, Општина Чучер-Сандево. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ – ОА. Претставува храм на истоимениот манастир. Црквата е прогласена за културно наследство на Македонија. Сместена е на падините на Скопска Црна Гора, недалеку од селото и долината на Бањанска Река.
Манастирската црква мала еднокорабна градба со тристрана олтарна апсида од исток, изградена во XIV век. Од северната страна црквата е споена со карпа која ѝ дава необичен изглед. Внатрешноста е покриена со живопис од кој се распознаваат два слоја. Првиот е постар и датира од самата изградба на црквата. Во 1846 година иконостасните икони се обновени од Дичо Зограф, што е наведено на парапетната плоча на иконостасот под престолната икона на Исус Христос Седржител, потпишана и датирана со 1846. Негови се и осумте апостолски икони.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Бањани – врв Ѓушановац (5 км)
врв Ѓушановац – врв Студена (7,5 км)
врв Студена – Ман. Св. Илија (8 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот