Свети Никита – главна и единствена манастирска црква на средновековниот Горњански манастир во скопското село Горњане. Прогласена е за споменик на културата на Македонија. Оваа средновековна црква се наоѓа на едно возвишение наречено Тромеѓа, под кое се наоѓаат селата Горњане, Бањане и Чучер. Историските податоци навестуваат дека црквата е византиска градба и можеби потекнува од XII век, од кога потекнуваат и други византиски градби околу Скопје. Меѓутоа, таа градба подоцна била срушена и црквата заедно со манастирот биле обновени во 1307 година од страна на српскиот крал Милутин. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека можеби црквата била подигната подоцна, во периодот 1319-1320. Во внатрешноста на црквата постои камен под кого се верува дека се наоѓаат моштите на светецот Никита. Со овој камен поврзан е и ритуал, односно секој кој има некаква мака или желба доаѓа во црквата и најпрвин пали свеќа. Подоцна, клисарот на црквата ќе го тргне тепихот под кој се наоѓа самиот камен. Човекот ќе застане со лицето кон олтарот. Ќе се прекрсти, ќе направи круг и ќе се поклони свртен кон олтарот. Ова ќе го повтори трипати. По последниот круг се кажува молитвата „Оче наш“ и се кажува маката или желбата.
Св. Илија Горни – црква во скопското село Бањане, Општина Чучер-Сандево. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ – ОА. Претставува храм на истоимениот манастир. Црквата е прогласена за културно наследство на Македонија. Сместена е на падините на Скопска Црна Гора, недалеку од селото и долината на Бањанска Река. Манастирската црква мала еднокорабна градба со тристрана олтарна апсида од исток, изградена во XIV век. От северната страна црквата е споена со карпа која ѝ дава необичен изглед. Во 1846 година иконостасните икони се обновени од Дичо Зограф, што е наведено на парапетната плоча на иконостасот под престолната икона на Исус Христос Седржител, потпишана и датирана со 1846. Негови се и осумте апостолски икони.
Свето Благовештение – селска црква во скопското село Бањане, Македонија. Прогласена е за споменик на културата на Македонија. До црквата води земјен пат, кој се двои над манастирот „Св. Никита“ и поминува покрај црквата „Св. Богородица“.
Света Богородица – во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: