Крчин – планина во Западна Македонија и Албанија, којашто се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман, односно таа го претставува најјужниот дел од веригата на планинскиот масив Кораб-Дешат-Крчин.
Се протега од Сува Бара (2.080 м) на север, до дното на Дебарската Котлина на југ во должина од 13 км. Има изразено било, од кое се издаваат повеќе врвови преку 2.000 м. Највисок е Голем Крчин (2.341 м), по што следат Рудина 2.238 м, Дели Сеница 2.174 м и Црвена Плоча (2.107 м).
На Крчин расте ендемскиот македонски каранфил (Dianthus macedonicus), што може да се најде само на оваа планина.
извор: Wikipedia
Знаменитости
(во подготовка)
Голем Крчин 2343
Рудина 2238
Дели Сеница 2174
Црвена Плоча 2107
Дуфски Водопад
Планинарски патеки
Велосипедски патеки