Водно – средновисока планина сместена во јужниот дел на Скопската Котлина. Највисоката точка на Водно е врвот Крстовар, висок 1066 метри, каде се наоѓа колосалниот Милениумски крст. До крстот сообраќа кабинска жичница која го носи неговото име.

Од растителниот свет на планината Водно може да се сретнат зимзелени и листопадни растенија. Од листопадните растенија на Водно најзастапен е дивиот костен, но има и бреза, липа, даб, габер и др. Од зимзилените растенија кои се во поголем број од листопадните, најзастапен е борот кој го има и на двете страни од планината Водно. Со помала застапеност е и смреката, а има и зеленика и ели кои се во незначителен број.

Водно е нашата „вежбална“ кога не сме на некоја друга планина. Нуди повеќе планинарски и велосипедски патеки од северна и јужна страна. Најголем проблем со кој се соочуваме во моментов, освен безмилосната узурпација, претставува категоризацијата на патеките: планинарски, велосипедски, downhill, quad & cross мотоцикли и што уште не. Сведоци сме на нагорен тренд на незгоди и повреди поради овој недостаток: се надеваме дека ФПСМ и Град Скопје ќе се разбудат и ќе ја утврдат оваа категоризација, бидејќи Водно бележи зголемена посетеност, а со тоа и зголемен ризик од повреди на посетителите.

Знаменитости

(во подготовка)

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки