Скопска Црна Гора — средно-висока планина во северниот дел на Македонија. Се издига помеѓу Скопската Котлина на југ, Кумановската Котлина на исток, Гниланската на север (во Косово) и долината на река Лепенец на запад. Планината се протега во правец ЈЗ-СИ, со највисок врв Рамно (1.651 м). Со долината на Липковска Река поделена е на два дела: западен повисок и источен понизок, познат под името Карадак. На Скопска Црна Гора се наоѓаат изворишта на поголем број речни текови. Целиот крај околу планината понекогаш се вика Црногорија и е многу богат со цркви и манастири.
Историја
Не е познат периодот од кога оваа област се нарекува со своето денешно име или назив со кој се именува, меѓутоа се смета дека за првпат била спомената во XIII век кога бугарскиот цар Константин Асен ги оставил селата во својата задужбина, потоа Црна Гора повторно се споменува во 1300 г., во повелбата на кралот Милутин во црквата Свети Ѓорѓи во Скопје. Во XV век Црна Гора е спомената во житието на деспотот Стефан Константин Филозоф. Турците по освојувањето на Скопје го превеле името од Црна Гора во името во Кара-Даг, и овој израз сè уште може да се најде во употреба до ден денес.
извор: Wikipedia
Знаменитости
Скопска Црна Гора или уште позната и како Света Гора поради присуството на цркви и манастири во поголемиот дел на територијата, меѓу кои се вбројуваат:
Црн Камен 1585
Бајрак 1597
Пржар 1626
Здравец 1560
Бел Камен 1470
Свински Камен 1628
Рамно 1653
Пупљак 1616
Муратица 1317
Човек 1402
Душановац 1245
Кодра Фура 1492
Св. Никола – Мирковци,
Св. Никола – Глуво,
Св. Никола – Кучевиште,
Св. Троица – Чучер,
Св. Ѓорѓија – Бањане,
Св. Петкa – Побожје
Св. Димитрија – Побожје
Св. Никола – Љуботен
Св. Богородица „Балаклија“ – Љубанци
Св. Илија – Бродец
св. Илија — Мирковци (Чардак),
св. Илија — Бањане,
св. Архангел Михаил — Кучевиште,
св. Атанасиј Велики — Глуво,
св. Богородица — Побожје,
св. Богородица — Горњане,
св. Ѓорѓија — Мирковци,
св. Богородица — Мирковци (Чардак),
св.Спас — Кучевиште,
св. Никита — Горњане, повеќето манастири се со старосна граница од XIV век па нагоре.
Во близина на селото Бродец
Активности
Скопска Црна Гора нуди извонредни патеки за планинарење, посебно за планински велосипедизам и downhill. За разлика од Водно (качи-се-спушти-се), на СЦГ, downhill-ерите со едно качување можат цел ден да уживаат. За жал СЦГ останува потценета и непосетена.
Планинарски патеки
Велосипедски патеки