Бистра – планински венец во централниот дел од Западна Македонија. Поради богатството со растителен и животински свет, како и пријатната и лековита планинска клима, претставува туристички доста привлечна и атрактивна, пружајќи услови за развој на зимскиот скијачки и летниот туризам. Издигната е помеѓу Кичевската Котлина на исток и течението на реката Радика од запад. Северната граница ја сочинува басенот на Мавровското Езеро и течението на Мавровска Река а јужниот, изворишниот дел на реката Треска со Ехловечка Река, превојот Јама со Јамска Река, Гарска Река, Мала Река сè до Бошков Мост.

Планината зафаќа површина од 572,8 км2 од кои 483,8 со висина над 1.000 м и 4,8 км2 со висина над 2000 м.

Планината претставува голем зарамнет масив, опкружен со бројни планински врвови. Меѓу бројните врвови 15 се повисоки од 2000 метри или просечно на површина 91,5 км2 се наоѓа по еден таков врв повисок од 2000 метри.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Меденица 2163
Карбула 2151
Ќурков Дол 2141
Острово 2105
Бистра 2102
Десовтор 2092
Шарен Пејко 2086
Голем Брзовец 2085
Манастириште 2060
Думовица 2042
Јарочкач 2027
Говедарник 2018
Голем Рид 2015
Езерски Врв 2014
Горна Корија 2005
Мал Шар 1993
Сандакташ 1983
Зенгови Рупи 1980
Вели Врв 1916
Мал Брзовец 1899
Русин 1890
Старци 1710
Стог (Кочо Рацин) 1574
Стог 1363

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки