„The Pictish Trail“ е видео од Ху Оливер и Ени Ли кое дава внатрешен поглед на нивната вело авантура од 750 километри низ прекрасниот исток на Шкотска.

Патеката на Пиктите долга 750 километри е нова вело бајкпекинг тура на истокот на Шкотска која минува низ древните кралства на Пиктите додека ја поврзува најсеверната точка на копното со главниот град на земјата, Единбург. Оваа рута со мешан терен опфаќа различни неверојатни пејзажи од дивиот северен брег до јужниот дел на Кернгормс пред да стигне до големите градски светла.

Пикти (латински: picti, „насликани“) е римско име на античкото племе, кое ги населувало северозападните делови на Шкотска. За овој древен народ нема многу зачувани информации и факти. Пиктите биле домородни племиња кои зборувале на келтско-пиктички јазик, колонизирани од Шкотите. Познато е дека пиктинските воини имале традиција пред битката да ги бојадисуваат своите тела сино со екстракт од острица. Познато е и дека имале матријархално општествено уредување. Има некои предмети направени од Пиктите, главно врежани камења, но нивните симболи не се целосно дешифрирани. На почетокот на нашата ера, Пиктите ја населувале територијата на модерна Шкотска. Историчарите можеа да ги датираат овие уметнички дела од VI-IX век, но беа немоќни да го утврдат вистинското значење на сликите поради нивната огромна разновидност.

Целосен опис на турата:

https://bikepacking.com/routes/the-pictish-trail/

.

© turnimedakinisam.mk