Двајца виетнамци решиле да си ја пробаат среќата на Матерхорн – еден од највисоките и најопасни врвови на Алпите.
На над 3.500 метри двајца виетнамски планинари се нашле во животна опасност. Eкстремните временски услови претставуваа голем предизвик за спасувачите и спасувањето на двајцата планинари на крајот траеше 14 часа. Малку по 7 часот наутро во понеделникот 23.09.2024, спасувачите од Цермат добиле итен повик дека двајца планинари од Виетнам се во неволја на Матерхорн. Во тоа време времето беше толку лошо што спасувањето по воздушен или копнен пат не било можно.
Во 13 часот, тројца специјалисти за спасување од спасувачката станица во Цермат решија пеш да се искачат на Матерхорн до местото на несреќата. „Цермат Бергбанен“ (гондола) успеала да ги одведе спасувачите до Шварцзее (Црно езеро), од каде што морале да продолжат пеш. Тие беа изложени на снег, ветер, мраз, магла и студ. Специјалистите за спасување ги откриле двајцата планинари во неволја на над 3.500 метри надморска височина. Виетнамците беа блокирани под нормалната патека на нерамен терен. Несоодветно опремени со лесни чевли и тенки панталони односно тренерки, планинарите исто така биле сериозно премрзнати.
Поради неповолните временски услови, планинарите во овој момент не можеа да бидат спасени по водушен пат од Матерхорн Ванд. Поради тоа, спасувачите мораа да слезат со помош на алпинистички јажина да се симнат до повредените планинари, а потоа да ги повлечат со јаже за да ги вратат на нормалната рута.
Потоа следеше исклучително тешко спуштање до домот Хорнлихите. Свежиот снег и мраз ја направија спасувачката операција огромен предизвик за спасувачите. Кога пристигнаа во домот Хорнлихите, спасувачите и планинарите во неволја можеа да побараат засолниште. Во исто време, Аир Цермат ги извршуваше неопходните подготовки со хеликоптер за да ги евакуира алпинистите за време на поволен временски прозорец. Екипажот на хеликоптер полета кон Матерхорн во 2 часот по полноќ и успеа да ги донесе и планинарите во неволја и специјалистите за спасување на безбедно во два лета.
Веруваме дека сите вие кои сте дел од планинарската заедница, барем еднаш или повеќе пати сте се нашле во ситуација да пресретнете неподготвени или несоодветно опремени ентузијасти на планина. Нашето последно искуство беше со двајца премрзнати Норвежани кои по тренерки и патики, во зимски услови, ги пресретнавме на врвот Лакосигној – Галичица и праушуваа како да стигнат до Охрид 😊. Предлогот кој кружи низ планинарската заедница – законска обврска за ангажирање на планинарски водич доколку се движите над 2000 м. надморска височина и не изгледа така лошо решение во споредба со ангажирање на спасувачи за сите странски државјани.
© turnimedakinisam.mk