„Таму од овде“ е документарен филм од „Пиксела Филмс“ кој трае еден час, кој го слави духот на возењето велосипед (бајкпекинг) и уникатното искуство на возење на 1.030 километри на патеката „Вермонт Супер 8“

Бесплатен стриминг за ограничено време, „Таму од овде“ – документарен филм од „Пиксела Филмс“ кој трае еден час и го слави духот на возењето велосипед (бајкпекинг) и уникатното искуство на возење на 1.030 километри на патеката „Вермонт Супер 8“. Со фантастична кинематографија и монтажа, дејството се одвива помеѓу група учесници  и нивните приказни допирајќи до моќни теми на поврзување и благодарност. Филмот може да го погледнете на линкот подолу.

„Вермонт Супер 8“ е самоподдржана бајкпекинг авантура долга 1.030 километри, која ги носи возачите до четирите ќошиња на државата Вермонт користејќи што е можно помалку асфалт. Малата непрофитна организација наречена Vermont Bikepackers ја одржува патеката и го координира годишното одржување секој септември, а во 2021 година, тие пречекаа група од околу 40 возачи на стартната линија. Меѓу оние што беа наредени имаше сериозни конкуренти, возачи кои сакаа да се предизвикаат себеси и луѓе кои едноставно сакаа да излезат надвор за повторно да се поврзат со природата. Меѓу почетниците беше тимот на Пиксела Филмс, кој следеше група возачи во текот на нивната подготовка за настанот и ќе се обиде да го долови нивното искуство со Вермонт Супер 8.

There from Here LINK – (Click on Learn More)