Виа Ферата Берим се наоѓа на истоимениот врв на планината Мокра Гора во пределот на Ибарски Колашин – Косово. Оддалечена е 25 км од с. Зубин Поток од каде се пристигнува преку браната Газиводе и селото Коваче од каде продолжува земјен трасиран пат до почетокот на патеката.
Постојат 2 опции: пократка и подолга. Пократката Виа Ферата е изградена во 2015 година и е во должина од 4 км (3 часа искачување). Патеката започнува со вертикала од 90 метри која води до позната пештера со прекрасен поглед на Ибарски Колашин. Потоа започнива спирално искачување на пештерата и уште една вертикала до првиот од четирите врвови. Тука постои можност за излез од фератата и враќање назад до почетната точка или продолжување кон следната вертикала од 200 метри која води до вториот врв ко претставува последна точка од оваа секција.
Подолгата опција продолжува со дополнителни 3 км искачување до третиот врв од каде посебна атракција претставуваат двата висечки мостови: првиот мост во должина од 27 метри со метални газишта додека вториот мост во должина од 9 метри каде се оди по единечна челична сајла. По двата поста доаѓа и последната вертикала која води директно до четвртиот врв, односно до самиот врв Берим по кого е наречена оваа виа ферата.